Момче со Даунов синдром е заштитно лице на детска колекција

24 октомври 2017

11 годишното момче со Даунов синдром го доби својот прв професионален ангажман како модел на модниот бренд River Island и тоа како заштитино лице на новата детска колекција. Џозеф Кејл е името на ова преслатко дете кое ќе биде на сите рекламни материјали на оваа модна куќа. Неговата мајка Карен Хејл вели дека можеби ова ќе ги охрабри и останатите да направат исти или слични чекори како цивилизациска потреба на луѓето со попреченост, оти на крајот од денот сите имаме исти права.


Џозеф за време на рекламата бил многу возбуден од самата шанса што ја добил.
„Навистина е добро и се чувствувам одлично пред камерата. Сакам да позирам, особено кога за мене се грижат многу луѓе кои ми ја средуваат косата и кога можам да носам волшебни светкави чевли“.


Неговата мајка ќе додаде дека целото семејство е одушевено од тоа како тој си ја завршил задачата.
„Сите беа неверојатно многу позитивни во текот на процесот, воодушевувачки процес навистина“.
Џозеф е дете кое има позитивен дух, смисол за хумор кој сите ги шармира во еден здив.


Тие се надеваат дека оваа кампања ќе има влијание врз перцепцијата на луѓето и да се нурнат во нивниот свет кој е полн со соништа, интереси, убави мисли, чувства кои се единствени. Тие имаат потреба да бидат доживувани еднакви со другите.


Џозеф сака да се бави со оваа работа, но сепак кога ќе порасне би сакал да биде „малку“ и фризер. Инаку ужива да танцува во слободно време и скапоцено му се моментите поминати со своето семејство.
Ќе признаете Џозеф веќе ви измами насмевка!

Објавено:
24 октомври 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
750 пати
Извор: 
bbc