Завршија модните денови во Штип

30 септември 2013

1

Со ревиите на Дизајн-С, Астибо и Линеа-Бергала заврши манифестацијата Денови на мода-Штип, кои ги проследија голем број новинари и познати личности меѓу кои и првата дама на државата, Маја Иванова.

Освен ревиите, организаторите инспирирани од концептот на Fashion night out во Менхетен, го претставија и Fashion Days Stip - Fashion Saturday out.

12

Целта на оваа комуникациска стратегија беше да се покаже дека модните новинари не ја опишуваат колекцијата со зборови, туку се важен дел од модниот бизнис. Во рамки на истово, присутните имаа можност да добијат претстава за тоа што работат луѓето од модниот бизнис и тоа преку „Behind the scenes in fashion journalism“.

Како и сите претходни денови, штипјани имаа можност да уживаат во ноќен ден.

На официјалното затворање вчера, беше организирана и чајанка за гостите од различни менаџменти.

Во текот на изминатите четири денови се претставија осум домашни текстилни компании, кои беа проследени со голем интерес од страна на публиката.

Организаторите се задоволни од првото издание на манифестацијата, за која се надеваат дека ќе стане традиција.

Објавено:
30 септември 2013
Категорија: 
Актуел