Жан Пату - легенда која плени со миризливи ноти!

8 мај 2017

Жан Пату (Jean Patou 1887-1936) е дизјанер, креатор и хедонист роден во Нормандија, Франција. Фамилијарниот бизнис со кој се занимаваат е поврзан со изработка на крзна и бунди, а сопственик бил неговиот вујко.

Ова искуство ќе му помогне да се открие како дизајнер. Во 1912-та година се сели во Париз и ќе отвори мало ателје кое ќе го нарече „Maison Parry“.

Во 1914та година ќе ја продаде целата колекција на американски купувач. Првата Светска војна ќе го дефокусира од својата кариера, затоа што служел како капетан на фронтот на Дарданелите. После војната, во 1919 година тој повторно ќе отвори бутик под свое име.

Првата колекција веднаш ќе го привлече вниманието и ќе почне да дизајнира за познати актерки, пејачки, дами од високото друштво. Тој бил познат и по спортските дизајни исто така.

Жан Пату ќе ја измени сликата на тенискиот терен со тоа што ќе почне да соработува со Сузан Леглен како на спортскиот терен така и надвор од него. Во 1920 година на Вимблдон, Пату ќе предизвика мала сензација облекувајќи ја Сузан во првото плисе здолниште, доколенки и портокалова трака за глава.


Тој го популаризира спортскиот џемпер, поточно кардиганот, истканувајќи ја удобноста сè повеќе во модерната облека. Исто така, прв имплементира заштитно лого на брендот, вметнато во самата облека која ја дизајнирал.


Пату ги сакал многу жените, па така на едно свое патување во Америка бил толку многу импресиониран од долгоногите Американки што го провоцирало да организира аудиција која броела 500 учеснички и тој одбрал шест и ги однел со него во Париз.

Имал неверојатно чувство за маркетинг, па така оваа приказна со Американките ќе му донесе огромен публицитет.

Пату ќе ги претстави трите парфеми за жени, секој од нив е поврзан за жена со различна боја на коса .

Amour Amour е парфем кој е посветен на бринетите и во себе содржи бергам, јагода, роза, мед......

Que Sais-Je парфем посветен на русокосите, кој е сладок и себе содржи праска, мед, лешниково дрво.

Adieu Sagesse е посветен на црвенокосите .Жан Пату е првиот кој ќе го лансира лосионот за потемнување на кожата легендарниот Huile de Chaldée, од 1927та година.


Неговиот парфем JOY е креиран со особено внимание и грижа, подеднакво скап како фустан од високата мода и навистина ден-денес преставува неверојатен и безвременски парфем. Претставен е како најскапиот парфем на сите времиња и тоа за време на големата депресија, кога целиот пазар на скапата облека, модниот бизнис ќе пропадне, но тој само поради овој парфем ќе опстане.

JOY е креиран од ретки цвеќиња со единствена концентрација на 1060 јасмини и 28 рози. Ова е срцевината на парефемот. Тој е вториот по ред најпродаван парфем на сите времиња, првиот е Chanel N°5.

Интензивен, луциден со неодилива нота на цветна компонета, овој парфем е креиран од Хенри Алмерас кој ги внел зелените ноти во овој парфем,јасминот,мошусот, заведувачки зачин и ирис како подлога.

Дизајнот на шишенцето е едноставен со златно ланче на самиот горен дел од пакувањето, дизајниран од архитектот Луи Сју во 30мл, 50мл и 100 мл парфем, како 30 мл и 50 за тоалетна вода. Покрај навидум едноставноста на шишенцето, ова пакување зрачи со елеганција, луксузност и навистина остава впелаток на еден од најпродаваните парфеми на светот.


Во 1930-та година тој ја лансира својата нова линија на парфеми Perfume Bar кои се избор на ладно, слатко и горчливо. Како еден вид различни коктели. Во нив има седум есенции на мириси. Преку оваа линија ќе се промовира и современата линија на Jean Patou Parfum Couture . Многумина имаат соработувано со Жан Пату, како Естевез во 1950-та година, Карл Лагерфелд од 1960-1964 година, Жан Пол Готие 1971-1973 и Кристијан Лакроа 1981-1986 година.


Во 1968-та се приклучува Жан Керлео во оваа модна куќа и тој ќе го креира парфемот 1000 именуван од 1000 обиди за да се креира овој уникатен мирис.Тој ито така ќе ја креира линијата Eau de Pato и на тој начин ќе го постави на сигурни нозе овој бренд наречен Patou house.

*Спонзорирана објава 

ИТ козметикс

 

Објавено:
8 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
141 пати