Жан Пол Готје дизајнира креации од висока мода за деца

19 октомври 2013


Мини верзија на последната колекција од висока мода на францускиот дизајнер Жан Пол Готје наскоро ќе ја носат најмалите, само во мини верзија. Новата линија на Готје, ќе се обновува на секои шест месеци, а буквално истите модели за возрасни, ќе бидат изработени во помала варијанта и тоа лимитирана на само 90 парчиња украсени со Сваровски кристали.

Инспириран од културата на Индија, 61 годишниот моден ветеран напорно ќе работи и за најмладите, а се разбира овие креации ќе можат да си ги дозволат родителите со длабок џеб, за на своите најмили да им купат едно вакво луксузно фустанче.

 

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Актуел