Објавата „Крај“ како и описот на Инстаграм профилот „Крај на една ера“ ги загрижи фановите на Жан Пол Готје дека дизајнерот засекогаш се повлекува од модниот свет.
За потсетување, Готје во јануари минатата година го објави своето пензионирање, велејќи дека неговиот бренд ќе продолжи да работи.
View this post on Instagram
Во тој контекст, Читасе Абе е младата дизајнерка која Жан Пол ја одбра за свој „креативен наследник“.
Веројатно тоа е и почетокот на новата ера на брендот, а нејзината прва колекција за „Жан Пол Готје“ ја очекуваме во јули, за време на неделата на Висока мода во Париз.
Од друга страна, на 28 мај, после шест години, од брендот најавуваат и ready to wear колекција.
View this post on Instagram
Крајот се однесува на досегашната стратегија, а тоа е најавено и со видеото каде што можат да се видат и други брендови, што дополнително ја заинтригира модната јавност.
View this post on Instagram
Ниту големите модни магазини со сигурност не можат да тврдат какви промени следат во модната куќа, но факт е дека на Готје уште еднаш му успеа да ја заинтригира јавноста, пред сè модната.