Жан Пол Готје со ексклузивна изложба венчаници во Белград

20 ноември 2020

Музејот на современа уметност во Белград од 28 ноември ќе биде домаќин на ексклузивната изложба венчаници на етаблираниот дизајнер Жан Пол Готје, насловена „Love Is Love: Wedding Bliss for All à la Jean Paul Gaultier".

Концептот на изложбата вклучува вкупно 38 уникатни венчални фустани, дизајнирани во период од 1990-та година па до денес. Изложбата за прв пат е поставена во 2017 година во Монтреал, но тогаш со вкупно изложени 30 венчаници.

MMFA, Denis Farley

Со оглед на фактот дека ова е прва изложба на Готје во Србија, настанот е дефиниран како ексклузивитет, иако се случува во вонредни времиња.

„Венчаниците вообичаено ги затвораат модните ревии, а оваа изложба е отворена на залезот на мојата кариера. Српскатаа јавност во овие венчаници ќе може да ја препознае мојата работа, моите кодови и мојатаа вредност. Се работи за љубов, радост и фустан што би требало да биде најубав во вашиот живот", вели дизајнерот по повод изложбата.

MMFA, Denis Farley

За потсетување, Жам Пол Готје одлучи годинава да ја заврши својата кариера како дизајнер, но брендот под неговото име продолжува да функционира.

Изложбата во Белград ќе биде отворена четири месеци, односно до 14 февруари

Објавено:
20 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
91 пати