Жан Пол Готје в среда ќе ја претстави последната колекција од Висока мода

18 јануари 2020

Познатиот моден дизајнер, Жан Пол Готје, вчера ѝ соопшти на јавноста дека в среда во рамки на модната недела за Висока мода во Париз, ќе ја презентира последната колекција од тој тип.

 

„На 22 јануари 2020 година, ќе прославам 50 години кариера во модниот свет, а со ревија од Висока мода. Тоа ќе биде мојата последна ревија. Но, бидете сигурни дека куќата „Couture Gaultier Paris“ ќе продолжи да функционира со проект чиј иницијатор сум јас, а кој наскоро ќе ви го откриеме“, се вели во соопштението за јавноста.

Дизајнерот, кој денес има 67 години, кариерата ја започна во модната куќа „Пјер Карден“, а познат е по тоа што во 1980-тите ги „рушеше“ модните правила. Посебно популарен стана откако Мадона ги носеше корсетите со градник со негов потпис. Во текот на кариерата, си играше со модата мешајќи ги родовите, половите и епохите.

 

Инаку, модната недела за Висока мода ќе се одржува од 20 до 23 јануари.

 

Објавено:
18 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
428 пати