Женствен фустан со принт од Елена Лука е сè што ви е потребно за стилска есен

6 септември 2019

Женственоста и грациозноста се безвременски карактеристики, што во модниот свет, но и генерално се секогаш високо вреднувани.

Затоа, независно од тенденциите, модни парчиња што ставаат акцент на женствената елеганција и префинетост се безвременски.

Токму во таков стилски фазон е и нашиот избор од актуелната есенска колекција на модниот бренд Елена Лука. Се работи за фантастичен макси фустан со животински принт, што оваа есен е меѓу најпопуларнте тенденции.

Во лелеав, асиметричен крој, со потенцирана половина и широки ракави, овој модел е шик избор за различни прилики есенва. Може да го носите и на работа и на настан со некој посебен повод, а во секој случај ќе изгледате неодоливо и впечатливо.

Може да го најдете во продажните салони на Елена Лука или на онлај продавницата на брендот.

 

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
674 пати