Живанши со една поинаква Џулија Робертс...

9 декември 2014

Џулија Робертс е новото лице во рекламната кампања пролет – лето 2015 на модната куќа Живанши во која се појави во поинаков стил од оној на кој сме навикнати да ја гледаме.

Рикардо Тиши, одлучи да ја искористи премиерната соработка со актерката и да претстави една Џулија која досега ја немаме видено.  На црно – белите фотографии таа се појавува без заштитниот знак – широката насмевка, со минимална шминка и андрогени Живанши креации.

„Пролетната Живанши девојка е навистина силна жена, а Џулија е многу повеќе од тоа. Таа ја претставува кутур линијата на куќата и е мошне важно што токму таа ги носи карактеристичните модни парчиња кои го олицетворуваат ДНК – то на брендот. Сакам да креирам класични парчиња, затоа сметам дека ќе биде безвременска“, вели Тиши.

Фотографиите се на Мерт и Маркус кои преку чист и портретски израз, допринесоа за создавањето на новата Џулија.

На дел од најзначајните појавувања на црвениот килим во последно време Робертс се појави во креации со потписот на Живанши. За гламурозното доделување на Оскарите 2014 таа носеше раскошна тантелна тоалета, а за премиерата на филмот „August: Osage Country“, се одлучи за црно сако со строг крој и миди здолниште. Се надеваме дека оваа одлична соработка на актерката со дизајнерката куќа ќе резултира со многу други успешни рекламни кампањи и едиторијал.

 

Објавено:
9 декември 2014
Категорија: 
Актуел