Барби – манијата оваа година во целост го зафати модниот свет. Откако на модната писта своите Барбики ги претставија Москино и Долче и Габана, омаж на најпознатата кукла во светот одлучи да и приреди и француското издание на магазинот Вог.
Во новиот број сите читатели ќе можат да му се восхитуваат на едиторијалот кој зафаќа единаесет страници, во кој главни протагонисти се вистински модели: Магдалена Фраковијак и Елизабет Ерм. Секоја од единаесетте кутии е посветена на една модна куќа, а изгледот на живите кукли е креиран од ready – to – wear колекциите на брендовите Москино, Шанел, Валентино, Ралф Лорен, Луј Витон, Гучи, Сен Лоран, Емпорио Армани, Фенди, Диор и Долче и Габана. Фотографиите ги потпишува секогаш инвентивниот Џампаоло Сгура.