Живкица Каленикова на страниците на онлајн изданието на Дејли Меил

13 септември 2013

Македонската ТВ и радио водителка Живкица Каленикова денеска се најде на страниците на електронското издание на британскиот Дејли Меил, во ласкава споредба со легендарната Ен Робинсон.

Имено, во текстот, Дејли Меил прави споредба на познатите британски шоуа со нивните интернационални копии, односно адаптирани шоуа.

Во текстот, покрај другите споредби, се најде и македонската ТВ и радио водителка, прекрасната Живкица Каленикова и тоа ни повеќе ни помалку со легендарната британска водителка Ен Робинсон, која ја води тамошната верзија на „Најслабата алка“.

Ен Робинсон е една од најдобрите британски водителки и новинарки, која е позната по своите остри и наметливи ставови и по малку саркастичниот стил на говор.

Ен Робинсон Ен Робинсон

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Актуел