Животот е убав со производите на Ланком

21 ноември 2014

Козметичкиот бренд Ланком вчеравечер во Порта Македонија  направи одлична презентација своите производи, со акцент  на новата мирисна нота „La Vie Est Belle L’Absolu“ , како и на кремите и серумот за нега на кожата на лицето и револуционерната маскара прилагодлива за секој облик на очи.

Присутните припаднички на понежниот пол имаа можност одблиску да ги разгледаат производите што  ги понуди козметичкиот бренд, но и да се запознаат со Ивана Лисак, познат мејкап артист, која во рамките на презентацијата направи туторијал за шминка, совршена за претстојните новогодишни и божиќни празници.  Презентацијата започна со запознавање на биографијата на Ланком, бренд кој наредната година ќе слави 80 годишнина од своето постоење, што е само уште еден доказ дека квалитетот и љубовта кон работата, се основа за успех на глобално ниво, девиза која ги прави уникатни во доменот на препаратите за негување и истакнување на женската убавина.

Ланком е француска козметичка куќа, основана во 1935 година од страна на Арман Петижан. Неговата цел е  да создаде бренд, кој ќе понуди производи како синоним на  француската елеганција, а ќе бидат достапни ширум светот. Инспирацијата за името  доаѓа од урнатините на замокот „Ла Шато де Ланком“, со розата како заштитен симбол.

Привилегијата да се биде дел од семејството на Ланком од сега е возможно и кај нас, токму преку политиката на брендот, за истакнување на женската сензуалност со негата на кожата, богатата палета на производи за шминкање, но и магичните и заводливи мирисни ноти. Во тој контекст, брендот го промовираше парфемот „La Vie Est Belle L’Absolu“ во чија основа се состојките од црна рибизла и круша, помешано со перуника, јасмин и роза. Заштитно лице на парфемот е Џулија Робертс, која на едноставен, но впечатлив начин, ја истакнува доминацијата на женственоста, токму преку правилниот избор на мирисна нота.

Можноста да се научат ефективни, истовремено и многу корисни трикови за шминкање, кои може да се применат во секојдневната рутина, ни овозможи талентираната Ивана Лисак. Таа како вистински амбасадор на брендот, преку туторијал на присутните гости им даде можност да научат како правилно да се шминкаат, а при тоа процесот да им претставува вистинско задоволство, со користење на производите на Ланком.

Ивана Лисак е родена во Загреб, а својата страст кон шминкањето ја „искористила“ како добра основа за професионално усовршување во таа насока.  Во 1999 година заминува на школување во Лондон. Следејќи ја својата интуиција, се пријавува на отворениот ден на Ланком, каде во конкуренција од 600 луѓе, таа е единствена која е одбрана како мејкап артист. Во 2003 година се враќа во Загреб, каде ја продолжува работата со козметичкиот бренд, а започнува соработка со познати магазини и учествува во рекламни кампањи и модни ревии.Бидејќи се работи за мејкап артист кој не е доволно познат на нашите простори, ние одблиску ќе ве запознаеме со Ивана, која иако е млада, зад себе има завидливо и богато портфолио.

Колку соработката со Ланком ви помогна да се пронајдете на професионален план?

Кога започнав со шминкање, имав своја филозофија во главата и во еден момент одлучив да почнам да работам за козметичка компанија. Го одбрав Ланком бидејќи ги користев нивните производи. Но, не знаев дека одбрав бренд, кој ја споделуваше истата филозофија. Јас како мејкап артист и Ланком како бренд се прилагодуваме на личноста која е пред нас. Тоа значи дека не бараме клиентите да се прилагодат на нас, туку обратно.

Кои производи од овој бренд ги предлагате за секојдневна нега на кожата?

Јас не живеам без Genifique. Со самото лансирање на серумот во јавноста во 2009 година го користам секој ден и наутро и навечер и токму затоа, им го препорачувам на сите дами. Тоа е производ кој нема ни да приметите дека сте го нанеле на себе, а придонесува за негување на младешки изглед, со подобрување на квалитетот на кожата. Ова е особено важно бидејќи сме изложени на секојдневен стрес, поради  брзото темпо  на живеење. Visionnaire ми е најдрага пудра, a во принцип сите производи може да се користат на секојдневна база

Каков е составот на парфемот?

Основната мирисна нота на „La Vie Est Belle L’Absolu“ е таирис, најценетата состојка во светот на парфемите и токму затоа се нарекува „сино злато“. Но всушност интересно е да се истакне дека не се користи цветот, туку неговиот корен. Важно е да се знае дека парфемот не е составен од голем број состојки за  разлика од стандардните парфеми. L’Absoluе навистина нешто посебно, а концентрацијата на мирисната нота е 33 проценти. Тоа е концентрација поголема од конкурентските компании, кои пониската концентрација ја продаваат како чист парфем. Токму затоа, овој парфем е најлуксузната мирисна нота, која досега е понудена од Ланком.

Колку изборот на парфем е пресуден во идентификација на индивидуата во однос на нејзиниот стајлинг и карактер?

Мислам дека тоа е индивидуална приказна и дека е важно секој да се пронајде во парфемот кој го користи. Парфемот потребно е да го носите со чувство како вие да сте го измислиле и како само вие да го поседувате

Дали квалитетната козметика и шминка се пресудни во постигнување на впечатлив изглед?

Секако дека да. Од тинејџерските години кога започнав интензивно да користам шминка, секогаш бев концентрирана кон квалитетни производи. Тоа за мене е апсолутен must have. Само еднаш во животот купив солидна маскара, но тоа беше само еднаш и никогаш повеќе. За мене најдобри се производите  од Ланком и не постои производ кој може да ги замени. За размена добиваме врвен пигмент и што е најважно тоа се гледа на вашето лице.

Дали девојките знаат да прават разлика помеѓу дневна и вечерна шминка?

Во принцип да. Сепак едно е да се знае разликата, а друго е тоа конкретно да се примени. Познавам дами кои знаат каков стил на шминкање сакаат и тоа го применуваат за дневни и вечерни излегувања. Тоа се жени кои се самоуверени и знаат што сакаат. Дури и неутралната и лесна шминка, која се користи во текот на денот, може лесно да се прилагоди и за вечерни настани, со нагласување на руменилото, или пак очите.

Наградите според вас се доказ за успехот во кариерата или двигател за нови предизвици?

И двете. Да се добие награда во конкуренција на професионални шминкери е голема чест и имате чувство дека сте постигнале голема цел. Но тоа од друга страна, бара да ја оправдате вашата работа. Кога ќе добиете доказ дека сте навистина добри во тоа што го работите, тогаш имате и мотивација за нови предизвици.

Кој тренд ќе биде актуелен оваа сезона со оглед на фактот дека во текот на модните недели акцент беше ставен на природниот изглед?

На глобално ниво фокусот е насочен кон природниот изглед, со минимално користење на производите, односно девојките треба да изгледаат како да се родени со убав и негуван тен. За оваа сезона, внимание ми привлече нагласувањето  на трепките од долниот очен капак. Току таа уникатност е слична со политиката на Ланком, односно клиентите да може да користат се што сакаат, прилагодливо според нивниот изглед и стил.

Објавено:
21 ноември 2014
Категорија: 
Актуел