Жизел Бундшен е заштитно лице на новиот парфем на Каролина Херера

28 декември 2013

Најплатениот модел на светот Жизел Бундшен е заштитно лице на новиот парфем на Каролина Херера што го доби името 212 VIP Rosé.

Идејата на модната куќа е со овој нов парфем да се одрази духот на ексклузивните њујоршки, модни забави.

Според многумина, парфемот мириса навистина неверојатно, а и не би можело да биде поинаку со оглед на тоа што за да се направи истиот биле употребени одредени ноти на овошје со акцент на праска, за на крајот да се почувствува моментот на меки ноти на дрво.

Парфемот е спакуван во одлично розово шишенце со паролата „Дали сте на списокот“? Жизел изгледа одлично презентирајќи го новиот парфем на Херера со интензивно црвени усни, црн фустан и брановита фризура.

Објавено:
28 декември 2013
Категорија: 
Актуел