Жизел Бундшен на насловната на бразилски Вог

30 мај 2013

Постои причина зошто таа е една од најубавите и најплатените модели во светот. По само два месеца откако го роди второто дете, таа застана пред камерата на познатиот фотограф Марио Тестино и се најде на насловната на јунскиот број на бразилскиот Вог.

Облечена во црно бикини и рокерски кожен прслук, несомнено го привлекува вниманието.

-Марио беше толку изненаден од нејзината форма и од тоа како таа одлично изгледа само два месеца по породувањето, што предложи да направат дури осум едиторијали кои би биле сосема различни еден од друг, а би се однесувале на формата на телото – изјави Даниела Фалка, уредник на Вог Бразил.

Жизел пак вели дека се труди да остане реална и природна.

-Ние жените, сите сме многу различни, па токму нашите несовршености не прават единствени и убави – потенцираше манекенката.

 

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Актуел