Според најновата публикација на магазинот Форбс на листата за најплатен модел во светот, без изненадувања се најде топ моделот Жизел Бундшен со неверојатна годишна заработка од 47 милиони долари. Таа е на тронот за оваа година сметајќи ги заработките од јуни минатата година. Својата годишна плата таа ја заработи соработките со брендовите H&M, Стујарт Ваитсман, Шанел и Каролина Херера, а покрај овие успешни договори, манекенката зема и дел од колачот дизајнирајќи римјанки за бразилската компанија „Grendene“. Секако, тука се и профитабилните ангажмани за Пантен и Орал-Б, како и заработката од сопствената линија долна облека „Hope Lingerie“.
Следна на листата на Форбс зад Жизел е манекенката Доцен Крос која пак соработува со Викторија Сикрет, Лореал, H&M, Келвин Клајн, Пучи и Прада, а има годишна заработка од 8 милиони долари. На третата позиција е Адријана Лима, четврта е Кејт Мос, додека петтата позиција е резервирана за Кејт Аптон. Шестото место е на Миранда Кер, седма е Лиу Вен, осма Александра Амбросио, деветта Хилари Рода, а на десеттата позиција стои името на Наталија Водјанова.