Жизел Бундшен се повлекува од модната сцена

16 март 2015

Најплатениот модел во светот, Жизел Бундшен деновиве за бразилските медиуми изјави дека се повлекува од модната сцена.

34-годишниот супермодел и мајка на две деца, најави  дека ќе се „пензионира“ од модните ангажмани по завршувањето на нејзиниот последен проект за бразилската модна куќа Colcci во април годинава.

Како причина за оваа одлука на Бундшен се наведува тоа што манекенката  последниве неколку години е се помалку барана на модните писти.

Неодамна таа се појави на две модни ревии, едната на Баленсиага, а другата на Шанел каде воедно се појавува и како заштитно лице на нивните кампањи.

Објавено:
16 март 2015
Категорија: 
Актуел