Златан Ибрахимовиќ лансира колекција за вежбање

14 јуни 2016

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ е инспирација за многумина, па веста дека лансираше колекција за вежбање израдува бројни негови обожаватели.

Веста беше споделена истата вечер на почетокот на Европското првенство во фудбал.

-После 15 години вежбање, знаете што ви е потребно да облечете за тренинг. Колекцијата е комплетно она што сум јас – изјави Ибрахимовиќ, чии тренинзи траат по три часа на ден, па дури и повеќе.

Парчињата со потпис на фудбалерот ќе бидат презентирани преку продажниот гигант „Варнер Груп“ и ќе бидат достапни преку посебен вебсајт и низ 11 европски земји. Цените ќе се движат од 9.95 евра за чорапи, па сѐ до на пример 89.95 евра за јакна со патент.

-Ние имаме високи амбиции кога е во прашање оваа соработка. Пазарот расте и ние сакаме да бидеме дел од тоа. Златан знае сѐ за вежбањето. Го прави тоа постојано, затоа тој знае што функционира, а што не  – вели Џенс Бонесмо, шеф на маркетинг на „Варнер“ во Осло.

Покрај парчињата, колекцијата „А-Z Collection“ ќе ја следи и рекламно видео, со гласот на Ибрахимовиќ и мотивирачки слогани, како и претставени делови од неговата кариера и подем.

Со оглед на тоа дека е нов во модниот свет, на прашањето кој е најмодерната личност во фудбалот, Ибрахимовиќ вели:

-Постои само еден,  Дејвид Бекам.

Инаку, Златан често може да се види во шорцеви и маици со потпис на Рик Овнс. Вели, чувствува поврзаност со философијата на дизајнерот.

-Тој го прави она што мисли и не се грижи што другите ќе речат и продолжува да го прави тоа што му се допаѓа. За мене тоа е кул, затоа тоа е начинот на кој што јас играм фудбал, со самодовербата што ја имам. Го правам тоа на мој начин – истакнува фудбалерот.

По повод колекцијата ќе каже дека чувството на леснотија е клучно и дека не верува ви високо специјализирана спортска облека. Според него, хеланките можат да се носат за трчање или јога:

-Верувам дека колку си покомфорен, толку полесно ќе оди вежбањето. Кроевите мора да бидат добри – вели Златан.

Тој додава дека не му било отсекогаш лесно.

-Имав тешки моменти. Немав многу можности. Но, кога одевме во странство, секогаш имавме спортска облека, затоа што ние во школо секогаш игравме фудбал, трчавме и трениравме гимнастика – се потсетува Ибрахимовиќ.

Кога имал 17 години, го посетил центарот на Малме, и се збунил бидејќи видел мноштво луѓе во фармерки, поло-маици и си рекол себеси: „Ова не е мој свет“.

-Парчињата можат да се носат и во секојдневието, но ние се фокусиравме на спортскиот пазар. И ние сме народен бренд, па без разлика кој си или од каде си, парчињата се за секого, без разлика дали си професионалец или аматер. Од А до Z – додава фудбалерот.

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
352 пати