Златко Јовановски отвори свое ателје во Тетово
•
7 март 2014
Желбата на мадиот Златко Јовановски за дизајнирање на специјални креации полека почнува да се остварува. Идејата стартувала со реализација од почетокот на оваа година, а новото ателје е опремено со две простории, место за консултации (showroom) и просторија за пробување.
„Ателјето ќе биде место од кое припадничките на понежниот пол ќе излезат задоволни и со поголема самодоверба,а покрај понудата на креации по нарачка, ќе може да се набават и модни додатоци“ – изјави Златко
Младиот дизајнер до сега има претставено неколку колекции во Белград и Ниш, а отворањето на сопствено ателје во Тетово е само уште еден начин за промоција во земјата и преточување на сонот во реалност. Ние му посакуваме голем успех во понатамошната работа!