Зоолошка во Лондон забрани носење облека со принт од зебра и леопард

26 септември 2013

Една од зоолошките градини во Лондон им забрани на посетителите да носат облека со принт на шари од зебра и леопард, зашто на тој начин се вознемируваат животните.

-Ги забранивме ваквите принтови кои потсетуваат на крзната на животните, соопштија од зоолошката „Чесингтон свет на авантури“.

Оваа одлука е донесена по воведувањето на новата атракција „Зуфари“ која овозможува посетителите да се движат со возило без прозори кое поминува меѓу жирафите, носорозите и зебрите. Ова ново и забавно искуство, животните не го примаат најдобро ако луѓето носат облека што ги потсетува на нив, тие бегаат и се плашат.

Објавено:
26 септември 2013
Категорија: 
Актуел