Фиби Фајл, главната жена во Селин, стави „забрана“ за објава на било какви фотографии поврзани со новата ресорт 2014 колекција. Новите модели во продавниците треба да пристигнат во ноември, помеѓу новите есен-зима колекции и актуелните пролет-лето. И додека останатите со задоволство ги презентираат актуелностите од нивните куќи, Селин воопшто нема да ја задоволи љубопитноста на јавноста. Зошто? Во соопштението од ПР тимот на куќата, конктретна причина не е назначена. Информацијата епотврдена. Ниедно парче нама да биде твитувано, или пак споделено со јавноста на било каков начин.
Тоа е тактика на брендот уште во времето кога Том Форд беше на местото креативен директор, за да се зачува ексклузивноста. Исто така, тоа е начин на кој Селин се бори против како велат „презастапеноста“ на модата во денешните медиуми.
Во случајот на оваа модна куќа, нивната ресорт „изолираност“ е начин да се заштитат од тоа дел од модните high street продавници (американските медиуми посочуваат на Зара) да ги ископираат моделите и да ги продаваат уште пред да излезе колекцијата.
Сепак, како пренесува Телеграф, новата колекција ќе содржи парчиња со нагласени линии кои ќе ја истакнат виткоста, но ќе бидат и доволно опуштени. Џебовите исто така ќе бидат составен дел од ресорт колекцијата, а и транспарентните долги фустани. Кога се боите во прашање, ќе доминираат пастелните нијанси на каки, црната и белата, зелената, виолетовата, како и материјали во нијансирани тонови.