Зошто годинешнава Мет Гала ќе биде интересна?

2 мај 2014

metballmain_2898237a

Очите на светските медиуми во понеделник, 5-ти мај ќе бидат насочени кон долгонајавуваната Мет Гала, чија тема оваа година е Чарлс Џејмс и во чија чест е организирана изложба.

Она што секако ќе биде во центарот на вниманието е изгледот на гостите, кои се очекува да му пркосат на строгиот дрес код. Ана Винтур потенцираше дека сака што пософистициран изглед за разлика од минатата година кога темата беше панк. Од мажите се очекува да бидат облечени според официјалниот дрес код, што подразбира црн фрак со панталони, со сатенска шал-јака, бела кошула со крута  јака, бел елек, седефасти нитни и копчиња за манжетна, бела пеперушка, бели или сиви ракавици, црни лакирани чевли и црни чорапи. Цилиндар шапката е опционална.

Од друга страна пак, од жените се очекуваат луксузни тоалети во чест на поствоениот кутуриер Чарлс Џејмс. Долгите здолништа, фенси накит и модни додатоци се исто така парчиња што се очекува да се видат.

Чарлс Џејмс Чарлс Џејмс

На оваа свеченост, најчесто се познатите се појавуваат со дизајнерите чија креација ја носат. Досега е познато дека Лупита Нјонго ќе носи креација на Прада, Зое Салдана на Прабал Гурунг, Аманда Сејфрид ќе се појави во креација на Живанши, Тејлор Сфивт се одлучи за Џ.Мендел, додека Маргот Роби за Дијан фон Фурстенберг. Ланвин ќе биде задолжен за изгледот на „мистериозна ѕвезда“, како најавуваат.

Меѓу посетителите ќе бидат и Џесика Частеин, Емилија Кларк, Наоми Вотс, Џесика Паре и Алисон Вилијамс. Со оглед на тоа дека Сара Џесика Паркер е задолжена за годинешниот настан со Ана Винтур заедно, се очекува таа да биде една од оние со најспектакуларни креации.

Но, на листата на оние што нема да присуствуваат е Гвинет Палтроу. Таа за минатогодишната панк забава изјави дека е „ужас“. „Изгледа како да е најдобрата работа на свет. Си мислиш, ќе биде многу гламурозно, фантастично и ќе ги видиш сите познати личности. А потоа, пристигнуваш таму, е премногу е жешко, има голем метеж и сите те „буткаат“. Оваа година беше многу напнато. Не беше забавно“, го сподели Гвинет искуството од минатата Гала.

И покрај критиките, таа и оваа година доби покнана, но учтиво ја одби. Но, личноста што сите очекуваат да ја видат, а несоменено ќе се појави е Ким Кардашијан, и со тоа уште еднаш ќе покрене лавина коментари. Се шпекулира дека ќе носи креација на Балман, но останува да се види кој ќе биде нејзиниот избор.

Објавено:
2 мај 2014
Категорија: 
Актуел