Зошто Јелена Ѓоковиќ не беше на Вимблдон?

15 јули 2019

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера извојува победа против Роже Федерер во историското финале на Вимблдон.

Покрај фантастичната победа на Србинот, обожавателите голем дел од вниманието насочија кон тоа што неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ која секогаш го бодри, не беше на трибините.

судејќи според фотографиите на Инстаграм, Јелена и нивните две деца Тара и Стефан веќе неколку дена престојуваат во Лондон, таа не се појави на големото финале.

 

Најголема поддршка на тенисерот на трибините вчеравечер беа неговите родители и четиригодишниот Стефан со кој имаше низа емотивни моменти по победата.

Telegraf.rs

По завршувањето на мечот, тој им се обрати на присутните и во еден момент спомена дека неговата сопруга и ќерката се во Лондон, но останале дома, па затоа им праќа огромна прегратка.

Само неколку дена пред мечот, таа беше во нејзината родна Србија на хуманитарен настан поврзан со фестивалот EXIT со чија организација потпишаа меморандум за соработка.

Daily Express

Иако заедно со синот Стефан беа во првите редови на Роланд Гарос, таа не присуствуваше на годинешниот настап на Новак на Австралија Опен со објаснување дека има обврски околу децата.

Eurosport

Инфо: The Sun.co.uk

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
17.428 пати