Зошто моделите на ревијата на „Барбери“ имаа чудни уши?

29 септември 2021

Веќе четири години Рикардо Тиши го предводи креативниот дел во британската „Барбери“ и неодамна ја презентираа новата колекција „Animal Instinct“, која го привлече вниманието, не само поради креациите, туку и необичните уши кои ги видовме на моделите.

Овој изглед на „Барбери"-моделите некои ги потсети и на шоуто на „Гучи" кога Микеле одлучи на писта да прошетаат модели со животински ликови.

А еве и за што се работи:

Претходно Тиши беше дел од „Живанши“ и направи пуловери и торби со ликот на Бамби, кои станаа неверојатен хит, а воедно инспирација и за други дизајнери.

Таа врска со „Бамби“ се' уште трае, а како вели дизајнерот, токму оттаму и ушите како на срна на моделите. Како вели за странските медиуми, ова воедно е и посвета на неговата мајка, со која се збогувал во август годинава, а неговата желба била моделите да се обидат да пренесат ист емоционален израз каков пренесуваат животните преку своите уши, па на повеќето, ушите се спуштени во знак на тага.

Како „бамби“ кое останува без мајка си, своите емоции ги пренесува преку севкупните елементи на модното шоу.

Колку успеал во тоа, не сме сигурни, но дека успеал да предизвика внимание - тоа сигурно. 

 

Објавено:
29 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
577 пати