Зухаир Мурад за трагедијата во Бејрут: Не можам да престанам да плачам, сиот труд исчезна за момент

7 август 2020

Либан, а и светот сè уште се во шок од разорната експлозија што на 4 август се случи на пристаништето во Бејрут.

Со оглед на тоа дека овој дел од градот важеше за еден од поелитните, штетата не ги заобиколи и најпознатите либански дизајнери, Ели Сааб и Зухаир Мурад.

Како пренесува арапското издание на „Вог“, од експлозијата е оштетено седиштето на Ели Сааб во тренди областа Гемајзе, кој во тој момент бил со својот тим на работа. Сепак, успеале да избегаат и не се повредени.

„Сè уште сме во шок од она што се случи. Но, многу повеќе жалиме за нашата земја, жителите и жртвите, отколку за материјалната штета“, велат од модната куќа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAGLEB LTD #SeeItFirstHere (@maglebanon) onAug 5, 2020 at 12:53am PDT

 Модниот магазин објави фотографии и од разрушената зграда во која се наоѓале канцелариите и ателјето на Зухаир Мурад, во истата област Гемајзе. Од модната куќа изјавија дека за среќа никој не е повреден и дека е предизвикана само материјална штета.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zuhair Murad (@zuhairmuradprivate) onAug 5, 2020 at 6:39am PDT

„Срцето ми е скршено. Не можам да престанам да плачам. Сите години труд отидоа во еден момент. Ти благодарам Господе за сè“, напиша Мурад на својот Инстаграм профил, на кое објави и видео од штетата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zuhair Murad (@zuhairmuradprivate) onAug 6, 2020 at 6:54am PDT

Но, тие не се единствените. Голем број локални дизајнери како Џорџ Хобеика, Раби Кајруз, Рони Хелоу исто така се соочуваат со уништени ателјеа и изразија сочувство до жртвите, потенцирајќи дека им е тешко да најдат зборови за да ја опишат тагата и очајот што го чувствуваат поради трагедијата која го снајде градот, а со тоа и целата држава.

Имајќи предвид дека се работи за поелитен дел од градот, во експлозијата настрадаа и ателјеа на европски брендови, помеѓу кои и она на „Диор“, но од овие куќи за сега нема официјални соопштенија или изјави за штетата, освен за дека сочуствуваат со она низ што поминуваат нивните колеги, но и либанскиот народ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Laha Magazine (@lahamag) onAug 6, 2020 at 10:50am PDT

За потсетување, експлозијата која се случи во вторникот околу 18 часот, досега однесе (за сега) преку 150 животи, преку 5.000 се повредени, а се претпоставува дека се уништени преку 300.000 домови. Во главниот град на Либан е прогласена вонредна состојба. Според светските медиуми, штетата се проценува на преку 15 милијарди долари. Локалното население, а и властите молат да им се помогне во овие тешки моменти. Првите донации почнаа да пристигнуваат, а факт е дека неизвесноста околу тоа како ќе ја победат оваа катастрофа е голема.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared byYassamine Soraya (@yassaminesoraya) onAug 6, 2020 at 10:24am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gheir.com (@gheir) onAug 6, 2020 at 7:56am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Obidkhon (@obidkhon_illustrations) onAug 5, 2020 at 4:55am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by thomas steinbrueck (@thomassteinbrueck) onAug 5, 2020 at 2:03am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bshara Atallah (@instayelo) onAug 4, 2020 at 1:38pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lebanon News (@lebanonnewsnetwork) onAug 6, 2020 at 3:11pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hala Ajam (@halaajam) onAug 4, 2020 at 12:13pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hala Ajam (@halaajam) onAug 6, 2020 at 3:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @karamfar7at) onAug 4, 2020 at 10:15am PDT

 

Објавено:
7 август 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.758 пати