Зулендер на насловната на Vogue

16 јануари 2016

После шоу на модната куќа „Валентино“, Дерек Зулендер доживеа уште еден голем моден момент – насловна на Vogue.

Февруарскиот број на овој легендарен магазин го предводат токму Зулендер (Бен Стилер облечен во одело на „Долче и Габана“) и Пенелопе Круз (која носи фустан од модната куќа „Ралф Лорен“).

Низ страниците на ова издание на Vogue се наоѓа и фото-сесијата, зад која секако се потпишува Ени Лебовиц. На Пенелопе и Зулендер им се придружуваат и топ-моделите Џоан Смолс, Џордан Дан и Џиџи Хадид.

Фото-приказната има за цел да направи гламурозен “спин“ на секојдневните модни искуства на светска елита. Од избегнувањето на папараците, до комплетна подготвеност пред камерите, фотографиите прикажуваат дека, колку и да изгледа гламурозно, комплетната подготовка за совршен добар изглед вклучува многу работа.

Во продолжение погледнете ги сите делови на фото-приказната:

Пенелопе во фустан од „Ралф Лорен“, Бен носи кошула на „Версаче“ и чизми со потпис на Хеди Слиман

Бен Стилер носи креација на дизајнерот Александар Ванг (лево)

Бен Стилер носи креација на Том Форд, Џиџи и Џоан - Оскар де ла Рента, Џордан Дан - Каролина Херера

Пенелопе во комбинација од „Проенца Скулер“, Бен во одело на „Валентино“, кошула и вратоврска на „Долче и Габана“

Бен Стилер во Роберто Кавали панталони, Пенелопе во „Алтузара“

Објавено:
16 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
540 пати