Бриџит Лакомб - фотограф на современото време

3 април 2017

Бриџит Лакомб е фотографка која се занимава со интимноста и портрети.

Вообичаените фотографии на познати лица, таа ги претвора во ликови со нивни скриени интимни моменти, приказни со своите пријатели.

Познатите пред нејзиниот фотоапарат се откриваат до крај, таа ја открива нивната драматична природа, ги открива и нивните слабости без тие да ѝ се налутат. Нивната несовршеност во нејзинита фотографии е совршена. Нивната приватност, ранливост, нивната искреност исто така. Во нејзините фотографии таа нивна ранливост е недопирлива.

Бриџит е родена 1950 година, французинка која живее во Њујорк. Во 1975 година почнува да фотографира за ELLE црно бели фотографии, но истата година на Канскиот филмски фестивал се запознава со Дастин Хофман и Доналд Сатерленд и почнува да работи на филмски сетови како фотограф.

Има работено со Сем Мендес, Дејвид Мемет, Мартин Скорсиз. Работи за Vanity Fair, Glamour, The New Yorker, GQ. Оваа година го прославува својот 40 годишен јубилеј во Phillips galleries од 15 јуни до 30-ти јули во Њујорк.

 

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Мода
Прочитано:
234 пати
Извор: 
vanity fair