Ели Сааб има нова колекција посветена на Бејрут

11 септември 2020

Со кратко видео и капсулна колекција, Ели Сааб се потруди емоциите и љубовта кон Бејрут да ја искаже и преточи во уметност.

„Магичниот дух на Бејрут е есенцијален за креирањето на Ели Сааб. Тој дизајнира со Бејрут, со неговата вибрантна култура и богатото уметничко наследство“, се вели во дел од објавата на социјалните мрежи.

Колекцијата е насловена како „Beirut, The Sacred Source“, со што дизајнерот сака да посочи дека со сета своја убавина ќе успее да триумфира над тешките времиња. За потсетување, пред еден месец, градот го потресе и разурна експлозија со ужасни размери во која загинаа стотици лица. Домот на дизајнерот беше комплетно срушен, додека пак, во ателјето се соочи со материјална штета. 

Кога се во прашање новите креации, направен е спој на драматични силуети, богати ткаенини, кои создаваат модна магија, а посебен акцент е ставен на рачно шиени детали.

Амбиентот во кој е раскажана модната приказна за „Светиот извор“ е природата и совршено се совпаѓа со пораката за моќта и уметноста, која дизајнерот и неговиот тим сакаат да ја пренесат. 

Погледнете:

Објавено:
11 септември 2020
Категорија: 
Мода
Прочитано:
2.124 пати