Од светот на познатите ни доаѓа нов тренд кога станува збор за стилизирање на коса. Таканаречената French new wave фризура моментално е хит помеѓу познатите ликови.
Од Пријанка Чопра и Ирина Шајк па сè до Дуа Липа, многу познати дами за претстојната сезона се одлучија за овој изглед.
Познатиот лондонски стилист Сид Хејс ја опишува French new wave фризурата како нежен и кул стил, односно тренд со волуменозна и сјајна текстура. Иако наликува на својот претходник, French new wave има поголема софистицираност од брановидните прамени што ги гледавме пред неколку години.
Косата овој пат е малку подолга, изледа опуштено, но сепак го има оној светкав финиш, што придонесува за поголема еленганција.
Според Хејс оваа фризура е "совршено несовршена" со сјаен ефект. Навидум изгледа како да е стилизирана пред два дена, но сепак го има потребниот волумен и текстура. Токму поради овие карактеристики French new wave е совршена за зимските месеци.
"Доколку сакате да го постигнете овој ефект дома, започнете со зајакнување на коренот на косата. Тука ќе ви помогнат производите за волумен. Трикот е во тоа да дојдете до ефект на бујна и цврста коса. Потоа обликувајте го секој прамен посебно, односно дајте му соодветна насока", советува Хејс.
За крај нанесете спреј за коса и ја имате вашата French new wave фризура.