Новата "pret-a-porter" колекција на Росица Мршиќ за есен/зима 2016 вдишува романтика во современиот изглед на жената. Инспирирана од поемата „Гавранот" на Едгар Алан По, дизајнерката ја преведе женската нежност во црна палета, чисти кроеви дополнети со рафинирани слоеви и нагласени со длабоко розови детали.
Во оваа колекција таа понуди чиста, едноставна и интригантна, женствена силуета со таинтствена романтика. Употребува меки, текстурни и структурирани еколошки ткаенини и ги нагласува со рачно изработени детали. Крајниот ефект е игра помеѓу контрастите: екстравагантно и едноставно, темно и светло, романтично и графички прецизно.
Со нагласување на формата на телото дизајнерката изработи парчиња облека кои се соодветни за "day to evening" изглед.