Сега и ти си ЕЛЕНА ЛУКА: Нова ексклузивна „Plus size" колекција

8 февруари 2022

Убавината е во различноста...

ЕЛЕНА ЛУКА ја гледа и препознава убавината во сите форми и затоа секогаш создава во функција да понуди избор – за секоја жена.

Надоврзувајќи се на оваа идеја, оваа сезона ЕЛЕНА ЛУКА ја збогати својата авангардна дизајнерска понуда со нова, ексклузивна „Plus size" колекција.

Секое парче дефинирано во автентичен стил со посебен карактер, токму како жените за кои оваа колекција е дизајнирана.

Универзалната порака за убавината што ЕЛЕНА ЛУКА ја испраќа преку оваа уникатна линија, не познава возрасни граници, па затоа во нејзиниот совршен лик ќе се пронајде секоја смела жена која знае да препознае дизајн со вредност, со јасно дефиниран естетски вкус.

Идеални дизајнерски парчиња, од дневна до вечерна варијанта, изработени од префинети материјали во кои се чувствувате моќно и пријатно истовремено, со рачно дизајнирани детали што го збогатуваат впечатокот, во прекрасна палета на бои и дезени.

Елегантни женствени фустани, романтични кошули, тренди деловни дводелни одела, шик кошула-фустани, фантастично изработени капути – сѐ што е потребно за плакарот на една современа и урбана жена да биде комплетен.

Сите дизајнерски парчиња од оваа линија се достапни во повеќе конфекциски броеви од 46 до 52, а со еден клик на онлајн продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА омилените комбинации ќе бидат ваши.

Објавено:
8 февруари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
988 пати