Младиот дизајнер Христијан Младеновски направи едиторијал за колекцијата „Војва“ создадена во карантин

2 октомври 2020

Во рамките на своите активности како студент на Mоден дизајн под менторство на професорката Јана Манева Чупоска, периодот на изолација Христијан Младеновски го искористи за креирање на концептот и реализацијата на неговата колекција насловена „Војва", која денеска ја презентираше преку фото едиторијал.

„Колекцијата е створена во рамки на затворен простор, (изолација) поради пандемијата Kовид 19. Како објаснување, зборот војва е вид на глагол, несвршен што значи: се мотка, се вртка, се шетка, ваму таму, нешто кое што моментално сите ние го правиме во домашен затворен простор. Колекцијата содржи "I", "A" , "X" , силуета, но се појавува и отстапување од класичните видови на силуети. Доминантен принцип на дизајнот е асиметрија, но содржи и симетрија, а палетата на бои и текстилната мапа ја комплетираат со кохезија. Колекцијата изобилува со органски форми и геометриски сечења, додека изборот на материјали ја симболизира целокупната 2020 година и таа содржи форми и од белите дробови кои најмногу страдаат од вирусот корона", вели во објаснувањето за колекцијата младиот дизајнер.

Боите со себе носат симболика на излудување и мешање на емоции, а вметнувајќи три вида на текстури, колекцијата добива уште подлабока вредност, со што и самиот дизајн на текстил е инспириран од домашната изолација.

Фото: Стефан Соколовски

Објавено:
2 октомври 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.404 пати