20 модели од есенската колекција на Брендон Максвел кои би ги носела и Меланија Трамп

3 ноември 2020

Брендон Максвел е еден од новата генерација дизајнери кој успеа да се профилира и да стане меѓу омилените на голем број познати ѕвезди. Селин Дион, Лејди Гага, Меган Маркл се само дел од неговите клиенти и пријатели.

Сепак, за неговата популаризација во голема мера придонесе и првата дама на САД, Меланија Трамп. Неговиот естетски израз совршено се совпаѓа во нејзиниот елегантен и женствен стил.

Есенската колекција на Максвел е нешто помеѓу лежерноста, street style и софистицираната елеганција. Имајќи ги на ум комбинациите во кои досега се појавувала Меланија, одбравме 20 парчиња од колекцијата на дизајнерот кои би ги носела, или во кои би сакале да ја видиме.

Објавено:
3 ноември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
568 пати