Адам Левин и Бехати Принсло подготвуваат заедничка колекција

2 ноември 2013

Прекрасниот модел на Викторија Сикрет Бехати Принсло му помага на нејзиниот вереник, фронтменот на групата Марун 5, да дизајнира женска колекција за американскиот бренд Кмарт.

Пејачот неодамна лансираше машка линија за истата марка, која помина многу добро, па очигледно ова е продолжение на нивната успешна соработка.

За дизајнирање на новата, женска линија за брендот, ќе му помага неговата девојка, прекрасната манекенка Бехати Принсло.

„Со оглед на тоа што тој навистина ја следи женската мода и знае што е добро, ние сме сигурни дека ќе создаде успешна колекција“, изјави првиот човек на Кмарт, Бернт Улман.

Тој додаде дека колку што Адам има истенчен и супер вкус за мода, неговата девојка исто така е искусна во светот на модата, па сигурен е дека тој ќе и дозволи да додаде нејзина, автентична нишка во женската колекција.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Колекции