Адел повторно доминира: Сите зборуваат за нејзиниот изглед и момче

20 септември 2021

Адел не се појавува често во јавноста, но кога тоа ќе го направи, го привлекува сето внимание.

Овој пат тоа ѝ успеа со црно-белата креација на модната куќа „Скијапарели“.

Сe работи за фустан во прав крој, кој во горниот дел има спуштени „пуф“ ракави изработени од свилен бел тафт, а изгледот е надополнет со обетки во форма на заб.

Пејачката навистина изгледа прекрасно во ова креација изработена специјално за неа.

Но, освен нејзиниот изглед, медиумите денеска ја ставија во центарот на вниманието поради нејзиното ново момче.

Имено, Адел ја инстаграм објави заедничка фотографија со кошаркарскиот агент Рич Пол, а двајцата викендов беа на венчавката на НБА кошаркарот Ентони Дејвис, што беше и повод за нејзиниот фантастичен стајлинг.

 

фото: @schiaparelli

Објавено:
20 септември 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
4.602 пати