Алберта Ферети: Практична колекција за жени со самодоверба

24 септември 2020

На последниот ден од летото, Алберта Ферети ја презентираше колекцијата за пролет 2021 година, со што како да сакаше да го продолжи неговото траење и во есенските денови.

А колекцијата навистина асоцира на леснотијата која летото ја носи со себе. Како ќе изјави за „Вог“, преку новите комбинации сака да ја прикаже природната моќ на женственоста, особено нагласувајќи ја жените треба секогаш да ја задржат својата самодоверба и широко да ја прифатат моќта за која зборува.

Во тој контекст, колекцијата е составена од креации најчесто во топли нијанси, со дополнение од црната и белата нијанси, како и популарната минт.

Сафари комбинезони, слип-фустани, блузи со широк крој и ракави, мини и макси лелеави фустани... Ферети се осврнува на потребите на жената, на практичноста, па со сигурност може да се рече дека речиси сите од парчињата се лесно прилагодливи во сечиј стил, во комбинација со други парчиња, но и парчињата од колекцијата.

За нас, посебно се впечатливи оние во комбинација со нежна и памучна тантела, што сосема нè асоцира на романтичната, бохо нота по која дизајнерката, односно нејзиниот моден израз е препознатлив.

Во продолжение погледнете уште некои од комбинациите: 

Објавено:
24 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
230 пати