Една од омилените британски ИТ девојки Алекса Чанг конечно ја претстави нејзината колекција за Marks & Spencer во која нејзините обожаватели ќе најдат парчиња какви што и таа самата сака да носи.
Дел од колекцијата се стилски романтични фустанчиња, кошули со карнери и елегантни секојдневни парчиња.
Иако тимот на ланецот на продавници Marks & Spencer речиси никогаш и да не ги следел трендовите, сега сето тоа се измени со лансирањето на колекцијата на една од најголемите светски трендсетерки.
Позната по класичните и лежерни комбинации, оваа девојка е вистинска инспирација за сите. Со нејзината колекција брендот дефинитивно доби освежување на кое ќе се израдуваат голем број девојки од Британија, но и пошироко.
Алекса Чанг веќе неколку години е обожувана меѓу британските девојки поради комбинациите што ги одбира кои најчесто ги чинат фустанчиња со јаки, винтиџ кошулки и куси џемперчиња кои сега можеме да ги најдеме и низ продавниците на брендот.
Сите парчиња заедно одлично се надополнуваат, а веруваме дека многу брзо истите ќе ги снема од полиците.