Александар Ванг приреди моден спектакл во Њујорк

18 октомври 2014

Александар Ванг спроведе успешна маркетинг кампања за новата колекција во соработка со брендот H&M, а завчера конечно се претстави пред јавноста и тоа со феноменален моден перформанс. Прво одржа прес конференција, а подоцна медиумите ги покани официјално да присуствуваат на перформансот, кој започна со акробати, а на пистата која беше направена во вид на тркачка патека продефилираа машки и женски модели, меѓу кои беа Карли Клос, Џоан Смалс и Тајсон Бекфорд.


Со оваа колекција Ванг се запиша во листата на дизајнери кои направија успешна соработка со моден бренд, лансирајќи колекција во спортска конотација, комплетирана со детали кои нема да бидат на продажба, како што се заштитните хокеј маски. За убавата атмосфера на перформаснот се погрижи Мили Елиот.


Модниот спектакл не би бил целосен доколку на него не присуствуваат голем број познати личности, а некои од нив имаа можност први да облечат парчиња од новата колекција, како што се Дакота Фенинг, Џесика Честан и Кејт Мара.

Објавено:
18 октомври 2014
Категорија: 
Колекции