Познатата хрватска дизајнерка Александра Дојчиновиќ ја претстави нејзината нова колекција со која повторно ги воодушеви нејзините обожаватели и популарни дами во Хрватска.

Станува збор за пролетна колекција полна со светкави парчиња кои ќе бидат одличен избор за празничните забави.

И овојпат дизајнерката создаде парчиња за сечиј вкус, па така во колекцијата ќе пронајдете долги и куси впечатливи фустани, куси кожени панталони со висок струк во комбинација со памучни маички, тантелни блузички, многу светкави и везени парчиња, како и модни додатоци како ремени и мини чантички што се носат на половината.

Од нејзиното ателје велат дека за прв пат дизајнерката креира базични парчиња како основа на секоја добра комбинација, па затоа во неколку наврати ќе видите црни и бели памучни маички.

Во колекцијата ќе најдете и прекрасни вечерни фустани кои се како создадени за забавите за Нова година, иако станува збор за пролетна колекција.

Извор: Buro 24/7

Фото: Aleksandra Birta/John Pavlish

 

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
203 пати