Alta Мoda во Рим во знакот на Африка

18 јули 2013

Модната недела Alta Moda во Рим помина одбележана во знакот на неколку модни ревии обединети под името Ethical Fashion - "Aid for Trade" чија иницијатива беше насочување на вниманието кон земјите во Африка како цели на нови економски интереси, но и како извор на нови дизајнерски инспирации.

Дизајнерите кои учествуваа, бараа нови иновативни концепти на изразување, претставија неочекувани комбинации, видови текстил и модели кои го носат темепераментот на континентот.

Настанот воден под мотото “Донесете ја Африка во Рим” создаде еден свој микрокосмос од впечатоци каде доминираа  мешавината од земјени бои и фолклорни елемети од земјите во Африка споени со еко ткаенини.

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Колекции
Тагови: 
Рим Alta Moda Африка