Алтузара ги спои сексапилот, женственоста и елегантноста во новата колекција

20 август 2014

collage1

Брендот Алтузара првин не' изненади позитивно со најавната кампања за колекцијата за претстојната сезона, во која главната улога ја има Ева Херцигова. Непосредно после тоа тимот ја претстави и комерцијалната колекција за есен-зима 2014/15.

Тесните фустани со принт, струкираните мантили, одела, свилени блузи, макси фустани со флорален дезен, ја прават атрактивна за многу жени. Речиси сите парчиња се инспирирани од 1970-тите, а едни од најсекси парчиња се и оние со црна тантела.

20

Колекцијата е надополнета со модни додатоци, како и со обувки - сандали, чизми до глужд, како и високи црни чизми што го привлекоа вниманието уште во најавната кампања. Секси, женствено и елегантно.

collage2

Во продолжение погледнете ја целата колекција и кажете ни што најмногу ви се допаѓа:

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Колекции