Во низата пред-есенски колекции, денеска ви ја презентираме онаа на Алтузара. Џозеф Алтузара изјави дека при создавањето на оваа колекција ги имал на ум клиентите и купувачите. И навистина изгледа така, бидејќи содржи парчиња што соодветствуваат на секоја пригода.

Од класични капути и сакоа, до креации од жерсе и светкави материјали за празнични моменти.

Особен акцент е ставен на фустаните-кошули што според оваа модна куќа ќе бидат апсолтен тренд следната година.

Сите парчиња ја слават женственоста, а во голем дел од нив е застапена и романтичната нота – преку изборот на ткаенини, принтови или кроеви.

Сите вие што се пронаоѓате во ваквиот опис, веројатно ќе се пронајдете и во естетиката на брендот, а особено оваа колекција.

Објавено:
22 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
555 пати