Алтузара предвидува колоритна зима

29 ноември 2014

Алтузара оваа сезона акцент става на едноставноста на модните парчиња – помалку мода, а повеќе стил. И тоа во боја.

Доминираат модели со две „лица“. На пример, ако сакате да имате капут од кашмир со потпис од  Алтузара, ќе го имате и во сина и во пинк боја. Исто така, поголемиот број од капутите и палтата се врзуваат на половина.

Но, ништо помалку не се впечатливи и свилените фустани и здолништа со шлицеви во долниот дел. Дел од колекцијата беше посветен и на парчиња што потсетуваат на чергички, а се инспирирани од материјалите во 1970-тите што ги изработувала Шејла Хикс. Она што остави впечаток се и кусите бунди бели и шарени, како и фустаните со топ во горниот дел и права линија во долниот, со сива основа и колоритни паспули, одлични за деловни комбинации и пригоди.

Без разлика на тоа што ќе ви се допадне, ќе ве инспирира или би го посакале во вашиот плакар, она што е сигурно е дека Алтузара со оваа колекција покажа стил со кој несомнено ќе бидете забележани оваа сезона.

Погледнете:

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Колекции