Ана Беатриз е секси божица во есенската кампања на Интимисими

23 август 2014

Бразилската убавица Ана Беатриз е новото заштитно лице во рекламната кампања на брендот за долна облека Интимисими. Изгубена во архитектурата на стари камења, изгорени од сонцето и заробена во белилото на небото Ана позира во неверојатно секси и сензуални модели на долна облека што дизајнерскиот тим на брендот ги подготви за претстојната сезона.

Фотографските кадри се направени во напуштениот амфитеатар „Arena di Verona“ под фотографската палка на Расел Џејмс. Ова не е прва соработка на моделот со овој бренд. Имено Ана позираше за кампањата за светското првенство која ја лансираше брендот претходно оваа година. Линијата на креациите е толку мека и пријатна што буквално ќе чувствувате дека не носите ништо на својата кожа, а сепак вашите атрибути ќе бидат соодветно нагласени. Црната тантела доминира скоро во сите модели од новата колекција и дефинитивно ќе ја разбуди вашата, но и машката фантазија во спалната.

Објавено:
23 август 2014
Категорија: 
Колекции