Последниот ден од миланската модна недела беше резервиран за ревијата на Џорџо Армани. Тој оваа година прославува 40 години успешна кариера, а за крајот на оваа модно случување претстави едноставна колекција, во која доминира црвената боја.

Како за последна ревија, очекувавме повеќе. Креациите во кои моделите продефилираа на писта беа едноставни и на моменти здодевни, одамна веќе видени. Она што ни го привлече вниманието се интересните блејзери, парчињата со принт и особено присуството на ригите.

Освен на парчињата, тие беа присутни и на огромните шешири, чантите и чевлите, за кои можеме да кажеме дека можеби и најмногу ни се допаднаа. Плетените јазли околу вратот, беа уште еден моден додаток кој Армани го имплементираше во креациите за следната пролет.

Од денес почнува и модната недела во Париз, а ќе ја отвори дизајнерот Ентони Вакарело

Објавено:
29 септември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
364 пати