Atelier Versace има нова колекција совршена за свечености

26 јули 2019

Брендот „Atelier Versace“ на официјалната страна ја презентираше колекцијата за есен-зима 2019 година. Совршените фотографии претставуваат нова модна приказна инспирирана од Западот, во комбинација со поп-арт.

Колку да ви звучи невозможно, миланското дизајнерско студио сето тоа успеало да го спои во свечени креации, кои ќе ве воодушеват.

За истата се потрошени илјадници часа рачна работа, велат од брендот, а резултатот се парчиња кои секоја дама би посакала да ги носи.

Женственоста е ставена во преден план. Од црни до шеќерни нијанси, секоја од креациите има уметнички елементи во себе и елеганција. Доминираат фустаните, а освен женски креации, во колекцијата се провлекуваат и неколку машки парчиња.

Се работи за свилени пижама-одела и кожени јакни со впечатливи светкави украси, естетика што малку нè потсети на онаа на „Долче и Габана“.

Доколку ве очекува некоја свеченост, овде можете да ја побарате инспирацијата за тоа што би сакале да носите. Погледнете:

Објавено:
26 јули 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
600 пати