„Balance“ – нова колекција за есен-зима 2017 од Антонија Ристовска

7 ноември 2016

Урбаното и брзо темпо на општествени промени од жената бара успешен BALANCE на сите полиња од животот. Новата колекција е инспирирана од внатрешниот порив на жената која балансира помеѓу љубовта и омразата, доброто и злото, исклучителниот комфор и крајната неудобност, помеѓу задоволството и воздржувањето, слободата и сигурноста, притоа задржувајќи го сопствениот став. Крајната порака е да се најде вистинскиот баланс во реката на животот и неговата бесконечност.


Колекцијата е составена од 15 парчиња изработени од високо квалитетни материјали и тантели наменети за свечени пригоди. Акцент е ставен на 3 бои: бела, пудра розе и темно сина. Како и досегашните колекции, рачната изработка е застапена во сите модели, по што и е препознатлив брендот. Како детаљ се забележуваат машничките во форма на знакот за бесконечност, везени на мрежичка со кристали.

Во улога на модел за колекцијата е младата виолинистка Ева Богоевска која е новото заштитно лице на брендот Антонија Ристовска. Со Ева ја продолжуваме долгогодишната соработка за нејзините сценски настапи во и надвор од Македонија.

Колекцијата е достапна во ателјето и наскоро на онлајн продавницата shop.antonijaristovska.com

Објавено:
7 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
862 пати