Балман експериментираше со флоралните принтови во новата колекција

28 јануари 2015

Оливие Рустенг  размислуваше за слободниот дух и нескриениот сексапил на жените во 70-тите кога ја креираше пред-есенската линија за 2015.

Фасцинантна колекција го носи оној препознатлив шмек на Балман, но за прв пат направи експеримент со флоралните принтови кои во периодот на 70-тите доминирале во ентериерното уредување, од тапацир на мебел до тапети на ѕидовите.

Кроевите се слободни исто како и духот на времето од кое се инспирирани, боите се прелеваат и го доловуваат ефектот на крилјата на пеперутките, а ригите кои се препознатливи за дизајнот на брендот и овој пат се во доминација и тоа во црно-бела варијанта или игра помеѓу транспарентни и покриени делови.

Рустенг направи еден ненаметлив спој на природата со геометријата, на  женствениот сексапил со традиционалниот луксуз, а низ сето тоа суптилно се провлекува носталгичниот допир на турболентните 70-ти.

 

Објавено:
28 јануари 2015
Категорија: 
Колекции