Балман има нова хит црно-бела колекција

6 декември 2019

Оливие Рустенг има точна пресметка што модерната жена сака да носи на себе.

Затоа, тој важи за еден од најуспешните дизајнери на новата генерација, а се покажа и како вистински човек за водечката позиција на Балман, каде е од 2011 година.

Деновиве тој ја лансираше втората ексклузивна колекција на Балман во соработка со луксузната модна платформа Net-a-Porter.

Концепирана е како црно-бела линија, во која акцентот е ставен на пепито дезенот, а естетиката на парчињата е комбинација меѓу спортски и елегантнен изглед.

Сите детали од оваа колекција упатуваат на нов моден хит сезонава.

Фото: Balmain, Net-a-Porter

 

Објавено:
6 декември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
530 пати
Тагови: 
колекции Балман