Балман колекција за деца – 200 евра за маичка на куси ракави

26 јануари 2016

Ако сте од оние кои се лудо вљубени во колекциите на младиот Оливие Рустенг, сега истите парчиња ќе имате можност да ги видите во мини верзии.

Иако беше реткост да се замисли било кој помлад од 18 години да носи некое од неговите парчиња, талентираниот дизајнер создаде колекција за дечиња во кои смести мини здолништа од тул, блузички со кристали, балетанки, но и кожени панталони и палта со вез за момчињата.

Иако на прв поглед сето тоа повторно изгледа како создадено за повозрасни, дизајнерот ќе каже дека имало побарувачка за оваа колекција.

„За прв пат помислив на детска колекција кога направив неколку парчиња за Норт. Разговарав со Ким и тогаш сфатив дека би било супер во светот на Балман да има и мали дечиња“, вели дизајнерот.

Како што самиот ќе каже, се консултирал и со уште некои негови пријатели што имаат деца, кои само му ја одобриле идејата и уште повеќе го охрабриле.

И повеќе од очекувано е клиентите на оваа колекција да бидат токму неговите пријатели, со оглед на тоа што една маичка за вашите најмили ќе чини 190 евра, а најскапото парче дури фантастични 5.500 евра.

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
668 пати