Тој секогаш создава колекции за кои се зборува денови подоцна, а на неговите ревии се појавуваат некои од најубавите и најпопуларните модели во моментот.

Таква беше и последната ревија на Оливие Рустенг за Балман на модната недела во Париз, за кој ќе каже дека е неговиот омилен град во кој секогаш ќе биде вљубен.

„Не сум опседнат со трендови, опседнат сум со тоа да бидам Французин, Парижанец“, изјави дизајнерот пред почетокот на шоуто.

Тој ќе каже дека не се грижи за тоа дали луѓето ќе го сметаат за кул, туку едноставно сака да остави печат во историјата, а се чини дека веќе го прави тоа.

На пистата можевме да видиме некои од најпопуларните девојки и негови омилени музи, а меѓу нив се врати и Кара Делвињ која изгледаше одлично како и секогаш.

Младиот дизајнер прикажа софистицирани и прекрасни модели со интересен и неправилен крој, многу тексас, впечатливи принтови, палта со нагласени рамена, широки кратки панталони, џемпери со впечатлива плетка, фустани со широки ракави и секако, неодоливи модни додатоци.

Сите модели на дизајнерот погледнете ги погоре во галеријата.

Фото: WWD

Објавено:
29 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
431 пати